Барајте не на: 02/2563-539 078/356-147 078/276-633
Е-адреса:
contact@zitoaltan.mk
Адреса на компанијата
ул.1 бр.5А 1043 Петровец, Скопје
МЕЛНИЦАТА ЖИТО АЛТАН е приватна компанија која е основана во 2001 година. Основна дејност на нашата компанија е преработка на пченица и производство на готови мелнички производи (Различни типови на брашно и сточна храна).
Мелницата Жито Алтан опфаќа: Силоси за складирање на суровини со капацитет од 4.000 тони, млин за мелење на пченица ,млин за производство на смеси за животни и магацин за складирање на готови производи.
Селектирањето на суровините и нивното посебно складирање се врши под постојана лабораториска контрола и подлежи на внимателна евиденција при што се овозможува следливост од влез на суровина до излез на готов производ. Со тоа се одговара и на најпребирливите барања на нашите клиенти и партнери за обезбедување високо квалитетни крајни производи.